Упaтство за пакување

 

Сигурносно пакување на пратките е важен услов за зголемување на безбедноста за време на транспортот. Ако немате соодветни материјали за пакување на пратка, ние во нашите канцеларии можеме да ви ги понудиме следниве видови амбалажа:

 

Фолија со меурчиња

Брановиден плик А4

Џеб за товарителници

Картон ГОЛЕМ

Картон МАЛ

Картон СРЕДЕН

КУТИЈА ЗА 1 шише

КУТИЈА ЗА 2 шишиња

КУТИЈА ЗА 3 шишиња

КУТИЈА ЗА 6 шишиња

КУТИЈА С5

Плик C5

Плик А2

Плик А3

Плик А4

Плик А4 – Хартиени

Налепници – МНОГУ ПАКЕТИ

Налепници – стрелки

Налепници – товарителници

Налепници – Фиксен час

Налепници – кршливо

Налепници 104Х147

Растеглива фолија, рачно- 100м.

Растеглива фолија, рачно– 300 метри.

 

 

 

Брза Пратка нуди можност за купување на дополнителна количина на материјали за пакување.

 

18 корисни совети за пакување

– Налепниците “кршливо” и “Внимание” неможат да заменат соодветна надворешна и внатрешна амбалажа. Тие имаат само информативна функција.

– Одберете соодветна големина на надворешна амбалажа за предметите кои ги праќате. Доколку големината е несоодветна и внатре останува непополнет простор, постои ризик од разместување и оштетување на пратката, а пак доколку амбалажата е премногу мала може да се случи пакетот да се распука и да се оштети содржината на пакетот од настанатиот притисок.

– Секогаш користете висококвалитетни материјали за пакување на вашите пратки. Внимавајте на издржливоста и цврстината при избор на материјалите за пакување. Користете, полиетиленска пена, фолија со меурчиња, надуени кеси со воздух или хартија со меучиња која е изолација на одделните предмети внатре во пратката.

– Изберете здрави петослојни кутии со добар квалитет и надворешна облога.

– Користете материјали за пополнување (сецкана хартија, полиетиленска пена, надуени кеси со воздух, фолија со меурчиња и др.) за да се заштитат индивидуалните предмети во пакувањето од непотребно движење и можно оштетување.

– Не дозволувајте содржината да се движи внатре во пакувањето. Кршливите предмети задолжително треба да бидат поединечно спакувани со неколку слоја мека внатрешна амбалажа, да не се допираат, а меѓу нив обезбедете доволно количество материјал за пополнување на слободниот простор.

– Користете широко и цврсто пакување селотејп за да ги затворите кутиите.

– Ако имате машина за обвиткување на пакетите во фолија, користете ја за да го обвиткате картонот (надворешното пакување).

– Ставете ги одделните предмети во центарот на пакетот, за да не ги допираат надворешните ѕидови. Потоа пополнете ја кутијата од сите страни. Не оставајте празни простори.

– прашоци, пратки со содржина која може да се истури или пратки со течна содржина да се спакуваат во одделни здрави пластични кеси. Потоа треба да се запечатат цврсто и да се стават во индивидуални, точни по големина картонски кутии.

– Ако праќате подароци, не се потпирајте на амбалажата во која сте ги купиле од трговецот. Препакувајте ги правилно. Многу стоки се продаваат во атрактивни пакувања, несоодветни за транспорт.

– Користете триаголни кутии, како за шише, за да спакувате карти, цртежи и слики.

– Заштитете ги вашите дискови, аудио и видео носачи со мека ткаенина за пополнување, околу секој поединечен елемент.

– Секогаш користете картонски разделувачи во внатрешноста на пратката при испраќање на рамни, кршливи материјали. Тие ќе ги одделат предметите еден од друг, ќе ги заштитат од несакан контакт меѓу нив, и контакт со ѕидовите на надворешното пакување и ќе ги заштитат.

– Можно е да користите и веќе искористен картон. Но задолжително осигурајте се дека тој е целосно здрав, во добра состојба, не е деформиран и нема да подлегне на оштетување. Отстранете ги од него сите етикети и налепници.

– Не користете нестандардни или оштетени картони.

– Не користете кеси од ткаенина или ткиво.

– Не испраќајте опасни или забранети стоки, бидејќи сносите кривична одговорност за нив.