Ч.П.П.
Најчесто поставувани прашања?
- За колку дена ги исплаќате откупите?
Откупите се исплаќаат после наредниот ден, со тоа што е потребен еден ден за обработка, но доколку се работи за откуп кој треба да се подигне од населено место од 2-ра или 3-та зона тогаш откупот ќе може да се подигне после неколу дена.
- Дали секој ден доставувате во подалечните села и градови?
Сите населени места се поделини по зони, времето за достава е во зависност од зоната во која се наоѓа конкретното населено место. За повеќе информации погледнете подолу.
- До колку часот превземате пратки?
Нашите курири во Скопје превземаат пратки најдоцна до 15.30 часот, но ако сакате можете да ја донесете пратката во една од нашите две бази на Саем или во Визбегово најдоцна до 19.30 часот. А во другите градови во нашата држава превземањето на пратките може значително да се пролонгира во зависност од времето на тргнувањето на комбињата кои ги носат пратките во нашата база во Скопје.
- Од колку до колку вршите достава?
Во Скопје достава вршиме од 09.00 до 15.00 часот, а во другите градови доставата може да биде и малку подоцна во договор со курирот.
- Дали носите на домашна адреса или може и на работното место?
Ако вашето работното место е во истиот реон со домашната адреса, во тој случај курирот може да ја достави пратката таму каде што повеќе би ви одговарало, но ако е во друг реон на градот а инсистирате да ви биде дотавена на работното место, тогаш истата ќе ви биде доставена следниот ден откако ќе му биде доделена на друг курир кој доставува во другиот реон.
- Дали постои ризик за оштетување на пратка?
И покрај напорите кои ги правиме за избегнување на вакви непријатности сепак можно е некогаш да се случи и такво нешто, поради различниот вид и голема на пратките што ги доставува Брза Пратка. Така, ако Вашата пратка е подложна на лесно оштетување пожелно соодветно да биде спакувана од внатре и од надвор со амбалажа и материјали што ќе ја заштитат пратката од оштетување при транспорт. За повеќе детали погледнете подолу.
- Дали обештетувате за изгубена/оштетена пратка?
За изгубена пратка обештетуваме до 15 пати од основната цена за транспорт, а за оштетена пратка до 10 пати од основната цена за транспорт, според законот за пошти на Република Македонија, доколку мислите дека вашата пратка е изгубена или оштетена можете да пријавите на prijavi@brzapratka.com или директно на нашата страна.
- Дали куририте ќе ме контактираат пред достава, во случај да не сум дома?
Секако, курирот мора да ве контактира пред да дојде на адресата наведена во документот.
- Дали курирот може да ја задржи пратката неколу дена во случај да неможам да ја подигнам пратката во моментот на достава?
Куририте на Брза Пратка секогаш се обидуваат до 3 пати да ја достават пратката. Но во градовите каде што има бази пратката може да биде задржана и до една недела.
- Дали можам да подигнам вратена пратка од база без документ/товарителница во случај да е изгубена?
Да можно е, после утврдување на автентичноста на вашите податоци.
- Дали можам да подигнам откуп без документ/товарителница?
Можно е, после утврдување на Вашиот идентитет и потврдување на автентичноста на Вашите податоци.
- Дали можам да ја вратам пратката ако не ми се допаѓа?
Се разбира, вие не сте обврзани да ја примите пратката, ако од било која причина не сакате да ја превземете ние му ја враќаме на испраќачот.
- Дали можам да ја отворам пратката за да проверам дали ми одговара?
Пратката можете да ја отворите само доколку така однапред е договорено со испраќачот и доколку истото е наведено на товарителницата (документ за превземање на пратка).
- Ако по заминувањето на курирот ја отворам пратката и истата не ми одговара, дали можам да ја вратам?
Вие можете пратката да ја вратите, но ќе Ви биде наплатено за услугата, зашто тоа се смета како превземање на нова пратка. Имате опција и за замена на пртака во договор со испраќачот, но за повеќе информации погледнете подолу.
- Кој е начинот на плаќање?
Плаќањето се регулира помеѓу испраќачот и примачот на пратката, имено двете странки се договараат кој од нив ќе плати за услугата, а можна е и опцијата и примачот и испраќачот да платат дел од сумата.
- Дали е можно плаќање со кредитна/дебитна картичка?
Не, услугата се наплаќа исклучиво во готово, а постои можност и за плаќање на фактура за нашите редовни клиенти правни лица.