Европа Експрес

Европа експрес
Со услугата Европа експрес за нашите клиенти вршиме достава на пратки во државите кои се во Европска Унија, во Русија, Турција како и Албанија, Босна, Црна Гора, Србија и Косово. Доставата се врши по копнен пат во двата правци, и тоа исклучиво на пратки кои се до 30кг, односно до 0,2м3, кои не подлежат на царинење, односно кои имаат мала вредност и не се за трговски цели. Во случај да се работи за пратка која подлежи на царинење, може да се постигне договор (по друга цена) за доставување до царински терминал. За некои од државите клиентите може да ги користат и нашите дополнителни услуги како што се откупнина и кск (купување со курир). За услугата клиентите можат да платат само во Македонија. Ценовникот е подолу.
Рок на достава: посочените рокови на достава се во работни денови. Времето за достава е според статистиката за вообичаено време за транзит до главните градови во споменатите држави. За пратки адресирани до острови и оддалечени локации; пратки кои подлежат на царинска обработка; пратки со застарена / нецелосна адреса или без наведен од нарачувачот телефон за контакт со испраќачот и примачот, како и за пратки од / до адреса на живеење, наведеното време на испорака може да биде продолжено. Во зависност од населеното место во Македонија, во кое се наоѓа испраќачот на пратката, рокот за испорака може да биде продолжен за еден работен ден.
Такса за достава на острови: За достава до некои острови се наплаќа надоместок од 20 евра.
Достава до Босна, Црна Гора и Швајцарија: Секоја пратка мора да биде придружена од фактура – оригинал и 3 копии, ставени во плик, залепен врз пратката. Условот за испорака може да е само DDP. Примачот го плаќа царинскиот долг, такси и ДДВ. Цената за вршење на услугата е со вклучено стандардно царинење до 3 стоки.
Ограничувања: Секоја пратка може да се состои само од еден пакет со максимална тежина 31.5кг. Минимални димензии: 22.9см. Х 16.2см., Максимална должина (најголемиот износ на пакетот) до 175см. Максимални димензии во см: збирот од должината + двоен збир на висината и ширината не треба да надминува 300см.
Опаковка: Опаковката на пратката е ангажмант на клиентот. Релевантно и соодветно пакување е гаранција за безбедноста на пратката. При транспортот низ Европа пратката може да мине и низ 10 магацини. За соодветно да ја спакувате вашата пратка погледнете го нашето упатство за пакување во делот ИНФО.
Пратки со документи задолжително се ставаат во картонски плик.
Одделни пакети приклучени еден кон друг леплива трака не се прифаќаат за транспорт. Треба да се сместени во една поголема и доволно цврста кутија.
Декларираната вредност: Во цената за извршување на услугата е вклучена одговорност на Брза Пртака e во износ 50 евра со вклучен ДДВ. На барање од страна на испраќачот оваа одговорност може да биде зголемена до вистинската вредност на содржината на пратката. За истото испраќачот, кој ја плаќа услугата, го плаќа и следниов додаток на цената за извршување на курирската услуга: 1,5% од декларираната вредност на пратката, ако таа или дел од неа содржи стакло, плексиглас, пластика, порцелан, опрема, керамика, електроника , мобилни телефони или на пакувањето е означено “кршливо” и 1% од декларираната вредност од испраќачот за сите други.
За повеќе информации кликнете тука.