За нас

Принцип на перфектност

Менаџментот на Брза Пратка, представуван од нејзиниот  директор и управител се води според принципот на перфектност, кој се имплементира, спроведува и надградува во сите нивоа на фирмата. Принципот на перфектност е во синергија со визијата за развој и напредок на компанијата чија дејност е вршење на курирски и логистички услуги и која секогаш се труди да се приспособи на барањата на клиентот и да балансира помеѓу интересите и желбите на сите засегнати страни.
Принципот на перфектност во пракса го спроведуваме така што:

– ги задоволуваме барањата и очекувањата најдобро што можеме на сите наши клиенти;
– секогаш нудиме најдобри услуги по најповолна цена која е секогаш најконкуретна на пазарот;
– секогаш се обидуваме да го следиме и имплементираме техничко-технолошкиот развој со чија помош подобро можеме да одговораме на желбите и очекувањата на нашите клиенти;
– секогаш се трудиме да одржиме добри односи со нашите партнери и соработници;
– постојано се обидуваме целосно и најбалансирано да ги задоволуваме сите засегнати страни – клиентите, вработените, партнерите, јавноста;
–одржување на растот на уделот на Брза Пратка на пазарот во Македонија и пошироко;
– посветено вложување во човечките ресурси како и одржување одлична работна средина;
– развој, усовршување и стекнување на нови работни вештини на персоналот на Брза Пратка;
– развој на лидерски квалитети кај менаџментот;
– ефикасно и оптимално искористување на ресурсите;
– реинвестирање и нов развој;
– постојано подобрување на квалитетот на услугите кои ги нуди Брза Пратка.

За постигнување на овие цели Меннаџментот на Брза Пратка постојано го развива и надградува системот за управување во согласност со барањата на меѓународниот стандард ISO 9001: 2008.

Длабоко верувам дека во животот, како и во бизнисот клучот за успех е во стремежот кон перфектност. Сметам дека најголемата тајна за постојан развој и одржување на успешен бизнис е перфектноста во сите аспекти. Перфектност во професионалниот однос со нашите клиенти, нивните драгоцени пратки доверини на Брза Пратка за да бидат испорачани до нивната конечна цел, перфектност во бизнис праксите и навиките и перфектност во нашата работа и ресурси. Се што е под посакуваното ниво за перфектност, за нас е неприфатливо.

Кристијан Благоев, директор на БрзаПратка

Нашите клиенти

  • Многу сме задоволни од долгогодишната соработка со БрзаПратка ДООЕЛ. Планираме истата да ја продолжиме со години во иднина.

    relax700Logo.png
    Христо Радев
    Управител, Релакс 700 ДООЕЛ
  • Многу сме задоволни од долгогодишната соработка со БрзаПратка ДООЕЛ. Планираме истата да ја продолжиме со години во иднина.

    relax700Logo.png
    Христо Радев
    Управител, Релакс 700 ДООЕЛ
  • БрзаПратка е наш долгогодишен соработник. Нивната услуга за меѓунареден транспорт на нас ни одговара комплетно и досега сме немале никакви проблеми.

    Untitled.png
    Омер Омероглу
    РПМ Трејдинг БГ